Четиридневна работна недела е неизводлива идеја

Bez autora
Jul 13 2014

Четиридневна работна недела, во која наместо по 8 ќе се работи по 10 часа дневно. Идеја што наскоро може да стане реалност во светот, бидејќи голем дел од светските милионери ја сметаат за валидна, а за неа с` погласно почна да се зборува и во Европа. Целта на оваа промена би била да се збогати социјалниот живот на нивните вработени. Македонските бизнисмени се против вакви експерименти и се децидни оти со структурата на производството кај нас, идејата е неизводлива. Дури им порачуваат на светските милионери, кога ќе ја скратат работната недела во Kина и во Азија, каде што го имаат преселено целото производство, да се занимаваат со фикс-идеи за четиридневна работна недела.

Четиридневна работна недела е неизводлива идејаЧетиридневна работна недела, во која наместо по 8 ќе се работи по 10 часа дневно. Идеја што наскоро може да стане реалност во светот, бидејќи голем дел од светските милионери ја сметаат за валидна, а за неа с` погласно почна да се зборува и во Европа. Целта на оваа промена би била да се збогати социјалниот живот на нивните вработени.

Македонските бизнисмени се против вакви експерименти и се децидни оти со структурата на производството кај нас, идејата е неизводлива. Дури им порачуваат на светските милионери, кога ќе ја скратат работната недела во Kина и во Азија, каде што го имаат преселено целото производство, да се занимаваат со фикс-идеи за четиридневна работна недела.

Анкетата на агенцијата „Спектрем“ работена меѓу деловните луѓе што во својот бизнис располагаат со средства поголеми од милион долари покажа дека дури 69 отсто би се заложиле за „бришење“ на еден работен ден. Тука предничат жените-милионери – дури 82 отсто од нив сметаат дека четири работни дена се вистинска мерка и за бизнисмените и за работниците. За четиридневна работна недела се зборува с` повеќе последниве години, а таа полека се воведува во одделни земји како, на пример, во Швајцарија, а и британските експерти неодамна предупредија дека петдневната недела во овие околности има големи последици за здравјето и социјалниот живот на вработените.

Неприфатливо за производството

Нашите бизнисмени и синдикалците се единствени во мислењето дека ваквата идеја тешко може да се спроведе во пракса и кај нас. И двете страни се согласни дека тоа е неизводливо имајќи ја предвид структурата на нашето производство.

- Мислам дека кај нас тоа е невозможно. Тоа најмногу зависи од структурата на стопанството. Знаете дека во Западна Европа се работат најмногу услуги, а целото производство е преселено надвор, во Kина, Азија, на Балкан. Многу е полесно една таква компанија од услужните дејности да ја скуси работната недела, но тоа не може да се случи во производствените дејности како металургија, текстил, кожарство. Ние имаме производствени дејности во кои се работи во три смени и не може да се прекине производствениот процес. Затоа неспоредливи се условите во нивните стопанства и во нашето - смета Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Според него, кај нас трудот с` уште има многу големо учество во новосоздадената вредност.

- Градежништвото, земјоделството, текстилната индустрија не може да опстанат и да бидат конкурентни и профитабилни со четири дена работна недела. Тоа е главната разлика меѓу нас и нив - дециден е Димитров.

Тој дури ги осудува нечистите намери на светските милионери тие да уживаат додека другите се мачат.

- Нека го намалат работното време во Kина, Азија, и тогаш можеби ваква идеја би била во ред. Вака излегува дека тие земји ја користат работната сила таму, која работи и по 6 дена и над 10 часа дневно за да можат тие да не работат. Затоа останувам на ставот дека со ваква структура на производството кај нас, оваа идеја е неизводлива - вели Димитров.

И за работниците не чини

Со слично размислување е и првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски. Тој како заштитник на работничките права е загрижен дека со оглед на економската положба на македонските работници, тие не би можеле да ги издржат зголемените трошоци за храна ако работат по 10 часа дневно.

- Сите прашања поврзани со работното законодавство вклучително и со работното време, ако дојде до иницијатива, сигурно дека ќе бидат разгледани од членките на Економско-социјалниот совет. Притоа треба да се имаат предвид компатибилноста со концептот на работното законодавство и со другата регулатива, социјално-економската состојба на работниците и колку тие се способни во толку долг работен ден да ги издржат дополнителните трошоци за храна, како и колку работодавците би можеле да издржат дополнителни трошоци за издржување на работниот процес. Секако ќе треба да се земе предвид и климатското подрачје - смета Митревски.

- Станува збор за многу комплексно прашање поврзано и со традиционалниот пристап и затоа многу внимателно треба да се разгледува ваква иницијатива ако дојде на дневен ред. Секако притоа почитувајќи ги специфичните историски, социјални и економско-политички разлики во земјите - вели Живко Митревски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik